Актерот Метју Пери не починал од предозирање со фентанил или метамфетамин, пишува TMZ.
Станува збор за две тешки дроги – фентанилот се нарекува „зомби“ дрога која наводно е полоша од хероинот, додека метамфетаминот е синтетичка дрога, позната и како „кристал мет“.
Првите обдукциски тестови покажаа дека славниот Чендлер од „Пријатели“ немал ниту една од овие две дроги во својот систем.
Сепак, TMZ наведе дека е важно да се забележи дека сè уште се спроведуваат подетални тестови како дел од токсикологијата за да се анализира дали се присутни други нелегални лекови во неговата крв и дали нивоата на лековите кои се издаваат на рецепт биле во штетни дози.
За тие резултати најверојатно ќе бидат потребни од 4 до 6 месеци, а кога ќе се соберат сите тие податоци, судскиот вештак ќе ги утврди причината и начинот на смртта.
Да потсетиме, Метју почина на 28 октомври на 54-годишна возраст, во џакузито на својата вила во Лос Анџелес.