Фудбалерот на Ал Хилал, Нејмар, добро реагира по операцијата на коленото, но лекарите не знаат кога бразилскиот напаѓач ќе се врати на теренот.
Нејмар ги скина предните вкрстени лигаменти и менискусот на левото колено во средината на октомври додека играше за Бразил против Уругвај во квалификациите за Светското првенство 2026 година.
Закрепнувањето од овој тип на повреда може да потрае од осум до 10 месеци.
Докторот на бразилската репрезентација Родриго Ласмар изјави дека 31-годишниот фудбалер е целосно посветен на враќање во целосна форма.
„Од првиот момент покажа дека се придржува до се што му предложивме“, изјави Ласмар, пренесува Би-Би-Си.
Нејмар ова лето се пресели во Ал Хилал од Пари Сен Жермен, но одигра само пет натпревари поради повреди на мускулите.