Американскиот претседател Џозеф Бајден соопштил дека му предложил на неговиот руски колега Владимир Путин да одржат состанок ова лето во Европа.
„Кога разговарав со претседателот Путин, истакнав дека верувам дека директната комуникација помеѓу нас двајца е од суштинско значење за напредок кон поефикасна врска. И тој се согласи со тоа“, рекол Бајден денес во Белата куќа, коментирајќи ја американската политика кон Русија.
За таа цел, истакнла Бајден, предложив да се сретнеме лично на самитот во Европа ова лето, со цел да се справиме со голем број прашања со кои се соочуваат двете наши земји, вели американскиот претседател.
Бајден го опишал разговорот со Путин како „искрен и полн со почит“.