Објавено конечното соопштение за причината за смртта на актерот Џулијан Сендс

од Stefanija Kuzmanovska
283 прегледи

Актерот Џулијан Сендс исчезна во јануари за време на планинарење, а шест месеци подоцна неговата смрт беше потврдена откако човечки останки пронајдени во близина на планината Болди, Калифорнија, дефинитивно му припаѓале на Сендс.

Актерот Џулијан Сендс беше пријавен за исчезнат во јануари откако заминал на планинарење на планината Болди во Калифорнија.

Планинарите кои се занимаваат со овој рекреативен спорт, на 24 јуни ги пронашле остатоците од телото, а три дена подоцна било утврдено дека се работи за познатиот актер. Причината за смртта во тој момент била нејасна, а така ќе остане и во финалната верзија на настанот, пишува „Пипл“.

Имено, причината за смртта на актерот Џулијан Сендс ќе се води како „неодредена“, како што соопшти денеска службеникот за информирање на јавноста на Канцеларијата на шерифот на округот Сан Бернардино.

Ваков расплет на настаните е вообичаен за вакви случаи, односно, како што појасни полицаецот, се очекува со оглед на состојбата на неговото тело, односно останките кои се пронајдени на планината.

Актерот бил голем љубител на планинарењето. Во 2020 година, тој напиша за „Гардијан“ колку многу го сака планинарењето. Како посебно искуство го издвоил патувањето до врвот на Хималаите.

Џулијан Сендс е најпознат по улогите во „A Room with a View“ (1985), „Warlock“ (1989) и „Arachnophobia“ (1990).

Слични содржини