Украинските медиуми објавија ново видео на пратеникот и шеф на политичкиот совет на Опозициската платформа – за живот, Виктор Медведчук.
Во новото видео тој бара од рускиот претседател Владимир Путин да го замени со британски војници заробени во Украина.
„Јас, Виктор Владимирович Медведчук, сакам да им се обратам на рускиот претседател Владимир Путин и на украинскиот претседател Володимир Зеленски со барање украинската страна да ме размени за бранителите на Мариупол и жители“, рече Медведчук, пренесува „Известија“.
На 16 април сопругата на Виктор Медведчук, Оксана, му се обрати на претседателот на Руската Федерација со барање за помош за ослободување на нејзиниот сопруг.
Таа изјави дека Медведчук дал согласност за размена и екстрадиција на територијата на Руската Федерација доколку земјите постигнат договор.
Претходно, таа упати барање за помош до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, како и до престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман Ал Сауд, да помогнат во размената на британските затвореници за нејзиниот сопруг.
На 12 април, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека Медведчук е приведен и објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледа политичарот со лисици и во маскирно одело. Подоцна, украинскиот лидер и понуди на Русија да го замени политичарот со заробени украински војници.
Медведчук е во домашен притвор од мај 2021 година, од каде, како што соопшти Министерството за внатрешни работи на Украина, побегнал на 28 февруари, четири дена по рускиот напад на Украина и оттогаш се води како исчезнат.
Украинските власти го сомничат Медведчук за велепредавство и обиди за грабеж на националните ресурси на Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година. Важи за сојузник на рускиот претседател Владимир Путин во Украина, кога го нарекува „личен пријател“, а Путин е и кум на неговата најмлада ќерка.