Украинските специјални сили вчера објавија дека го убиле главниот адмирал на Москва на Крим заедно со 33 други офицери, во ракетен напад врз седиштето на руската Црноморска флота во пристаништето Севастопол. Руското Министерство за одбрана не одговори веднаш на тврдењата за смртта на адмиралот Виктор Соколов, командант на Црноморската флота и еден од највисоките офицери на руската морнарица, но беше објавено видео на кое се гледа Соколов.
Сепак, видеото објавено од министерството денес покажува дека човек кој се чини дека е адмирал Соколов присуствувал, иако преку видео-линк, на состанок на кој присуствувал и министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу.
Човекот за кој станува збор може да се види во долниот лев агол на сликата подолу.
The Russian MOD released a video of top military officials meeting with Shoigu, including a short clip showing the commander of the Black Sea Fleet, Admiral Viktor Sokolov, appearing on video conference.
Ukraine claimed he was killed in a strike in Sevastopol last week. pic.twitter.com/xUO0a2xIP3
— Moshe Schwartz (@YWNReporter) September 26, 2023
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков одби да го коментира наводното убиство на адмиралот.
„Од Министерството за одбрана нема информации. Тоа е целосно во нивна надлежност и нема што да кажеме овде“, изјавил Песков за новинарите.
Фото: Malgavko Sergei/Tass/ABACA / Abaca Press / Profimedia