На социјалните мрежи е објавено видео од авионската несреќа, во која наводно бил присутен и шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин.
На видеото кое кружи на Х се гледа како авионот вртоглаво паѓа на земја, по што следи густ облак чад кој се издига од местото на несреќата.
Во извештајот на Росавијација – руската агенција за воздухопловство – се наведува дека меѓу патниците бил и Пригожин, т.е. дека неговото име е на списокот на патници, јавува Н1.
Руските власти соопштија дека во падот на деловен авион во Русија загинале 10 лица, меѓу кои и шефот на платеничката група Вагнер.
Breaking News:
🚨🇷🇺 A Private jet carrying Wagner boss Yevgeny Prigozhin has crashed in the Tver Region. Wagner channel “Greyzone” accuses that Russian air defense shot it down. #Wagner#WagnerGroup #Yevgeny #Prigozhin#Putin
#Wagner pic.twitter.com/XQdIjxMMx3— promzygift (@ogahigift) August 23, 2023
Сведоците на несреќата слушнале силен тресок пред да го видат авионот како „паѓа од небо“.
Канал поврзан со Вагнер соопшти дека авионот бил соборен од противвоздушна одбрана, но тоа се уште не е потврдено.
Но, извори блиски до него велат дека додека леталото му припаѓало, тој обично летал со друг авион, според неофицијалните податоци објавени од руските медиуми.
Пред само два дена, Пригожин објави видео, наводно направено во Африка, во кое ветува дека ќе ја направи Русија голема со распоредување на своите вагнерски трупи на тој континент.
Поранешниот руски претседателски кандидат Ксенија Собчак изјави:
„Моите извори известуваат дека авионот „Ембраер“ на Евгениј Пригожин сега се урнал во Тверската област“. Ова се случило на 15 километри од Хотилово. Според нашите информации, внатре имало тројца членови на екипажот и седум патници“, изјави Собчак, која е близок човек на Путин.