Објавено видео од уапсениот олигарх близок до Путин кој моли за размена

од Берта Китинска
275 прегледи

Украинските власти објавија снимка од уапсениот Виктор Медведчук, олигарх и човек на Путин во Украина, кој бил уапсен минатата недела.

Во видеото тој бара од Путин да организира размена со заробените војници и жителите на Мариупол. Тој им се обраќа на Путин и Зеленски.

Во видеото додава дека Мариупол е блокиран.

Објавувајќи го неговото апсење, СБУ соопшти дека го спречила обидот на Москва да го повлече од земјата.

Тој беше во домашен притвор во главниот град Киев – но избега набрзо откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари.

Украина го сомничи Медведчук, на чија ќерка е кум Путин, за предавство. Тој ги негира овие наводи.