Израел го бомбардираше домот на лидерот на Хамас во Газа, Јахја Синвари ноќта помеѓу саботата и неделата, а групата одговори со ракетни напади врз Тел Авив.
Најмалку тројца Палестинци биле убиени во израелските воздушни напади врз енклавата, соопштија тамошните здравствени власти, а голем број жители се повредени.
Во текот на ноќта, звукот на бомбардирање одекнуваше низ Газа, пренесе Ројтерс.
И дел од Израелците во Тел Авив и неговите предградија ја поминаа ноќта во засолништа поради ракетни напади од Газа. Околу 10 лица беа повредени додека бегаа во засолништата.
Најмалку 148 лица, од кои 41 дете, се убиени во Газа откако избувнаа судирите во понеделникот.
Израел пријави десет смртни случаи, од кои две деца.
Iron Dome putting in some serious work tonight
(Video: Tai Tzaban) pic.twitter.com/Omi2JL9ibo
— Emanuel (Mannie) Fabian (@manniefabian) May 15, 2021