98
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремен локален дожд.
Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и на места ќе бидат пообилни.
Ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 65 км/час) од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.