Облачното цунами над Сиднеј низ фотографии

од Vladimir Zorba
141 прегледи

Неодамна на многу места во социјалните медиуми се појавија фотографии од еден конкретен природен феномен.f94e0eba869b58e04b3b46fb85012b4c

Го нарекоа “облачно цунами”, поради специфичната форма. Тоа беше забележано околу брегот на Нов Јужен Велс во Австралија.

Морничавиот облак во небото беше долг неколку километри и ги изненади жителите и гостите на Сиднеј.05f946beef8dbbf4a07163158049740f

Всушност овој природен феномен го има своето научно име, имено – облак аркус.Неговата форма е хоризонтална, а неговата положба ниска.20e581ac93be773f4956bf5c5e054202

Обично облаците аркус носат со себе грмотевици, како во конкретниот случај.

Специјалистите за метеорологија во Австралија ги предупредиле жителите на Сиднеј за можноста од град, пороен дожд и силни ветрови.2e7c2c7a2e2b35b34850eb185efeba4c

Очигледно, сепак не сите луѓе се уплашиле од облачното цунами, дури напротив – се инспирирале се да го фати со мобилни телефони.
db3265e7ed363357abfca7d8a63fff77