Обновен Chevrolet Trailblazer

од Vladimir Zorba
152 прегледи

General Motors ја претстави актуелната генерација на Chevrolet Trailblazer во ноември 2019 година на саемот за автомобили во Лос Анџелес, додека неговата продажба започна во пролетта 2020 година.

Време е за преуредување, па затоа е пред нас Trailblazer за 2024 година.

Рестилирањето носи суптилна префинетост на надворешниот стил, како и поголем екран на допир во кабината. Инаку, Trailblazer 2024 продолжува со истите мотори и нивоа на опременост.

Затоа, Trailblazer 2024 се карактеризира со потесни светла, нов браник и изменета предна маска, како и нов дизајн на алуминиумски тркала (од 19 инчи во опремата RS).

Исто така, има нови бои во палетата: Copper Harbor Metallic и Cacti Green.

Внатрешноста е опремена со централен инфозабавен екран од 11,0 инчи и дигитална инструмент табла од 8,0 инчи.

Стандардната опрема на новиот Trailblazer ќе вклучува систем за автоматско сопирање, детекција на пешаци и систем за одржување на лента, како и безжичен Android Auto и Apple CarPlay.

Погонот на предните тркала е стандарден, но ќе се нуди и 4×4. Палетата на мотори вклучува турбо бензински мотори од 1,2 литри и 1,3 литри со 137 КС и 155 КС, од кои и двата стандардно се спарени со CVT менувач. Во понудата ќе има и 9-степен автоматик, и тоа само во комбинација со моторот од 1,3 литри и погон на четири тркала.