Обновен Nio EC6

од Vladimir Zorba
156 прегледи

Кинескиот Nio ќе ја изложи обновената верзија на електричниот кросовер EC6 на претстојниот саем за автомобили во Шангај.

Овој новитет најверојатно ќе се вика EC6 NT2, а рестајлирањето ќе го усогласи неговиот дизајн со остатокот од гамата. Ова вклучува, меѓу другото, нови предни светла, маска и нови долни светлосни единици на двата краја на предниот дел, како и различни ретровизори, лакови на тркалата, нови задни светла и модифициран заден браник.

Покрај тоа, се очекуваат понапредни системи за помош на возачот, како и модернизиран ентериер.

Засега нема информации за батериите и опсегот на ажурираниот модел, но се наведува дека електромоторите имаат вкупно 360 kW/489 КС.

Повеќе детали се очекуваат во наредниот период.