ОБНОВЕНА Македонски автбус се преврте пред Лесковац -Има загинати и повредени (видео)

од desk4
214 прегледи

Автобус со македонски регистерски таблички излета утрото околу 1.45 часот од автопат во близина на Лесковац при што загинаа три лица. . 

Во сообраќајната несреќа што се случи на автопат во правец на Ниш повредени се 32 лица.

Во болница во Лесковац се префлени 28 луѓе додека четворица се во болницата во Ниш.

Крајна дестинација на автобусот требало да биде Виена. Неофицијално автобусот влегол во снежна бура по што се излизгал и се превртел.

Неофицијално тој се движел на линиј Штип Виена, според други извори линијата била Прилеп Штип.  Екипи за спасување стигнале од Ниш и Лесковец.

ОД ПОлицијата велат дека можеби има некој патник и испод автобусот , а тоа ке се знае кога тој ќе биде подигнат. Медицинските лица велат дека има патници и со сериозни скршеници на лобања, и дека едвај биле извлечени со помош на пожарникари.

Поради сериозноста на повредите 4 лица биле префрлени во Ниш а останатите во болницата во Лесковац.

14 лица биле пуштени со лесни повреди , а другите биле задржани.

фото Блиц/видео РТС