Најмалку 20 лица загинаа, а десетици други се повредени при две моќни експлозии во турскиот главен град Анкара утрово. Најкрвавиот инцидент се случи во близина на централната станица во градот. Се уште не е јасна причината за инцидентот. Турската новинска агенција “Доган” пријави за за 20 загинати и околу 100 повредени.

4447697

 

Властите во земјата се уште не дале официјален коментар во врска со експлозиите и податоците за загинатите не се официјално потврдени. Сепак не се исклучува можноста за терористички напад, посочи агенција ТАСС. Турската државна агенција Анадолу исто соопшти за можноста експлозиите да се предизвикани од бомбаш-самоубиец. Оваа информација не е потврдена официјално. Експлозиите се случија под надвозник што води кон железничката станица. Таму од утрото почнаа да се собираат активисти на синдикални здруженија и невладини организации кои планираа да одржат договорена со властите протест против конфликтот меѓу државата и борци на Курдската работничка партија (ПКК), објавија во. “Хуриет”.

bomb3Местото на инцидентот еблокирано  и има засилено присуство на полиција и екипи на итна помош. “Ниеја истражуваме  вршиме експлозијата и ќе  ги споделиме нашите откритија со јавноста што е можно поскоро”, изјави за АФП турски државен службеник, без да посочува повеќе детали.

Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, веќе е запознаен со деталите околу инцидентот од министерот за здравство Мехмет Мјуезиоглу, а подоцна во текот на денот тој треба да се сретне и со вицепремиерот Алчн Акдоган и другите членови на кабинетот. Нападот доаѓа помалку од месец пред предвремените избори во земјата на 1 ноември и на позадината на нов бран на конфликти меѓу властите и ПКК во последниве неколку месеци откако примирјето меѓу нив беше прекинато во јули. Од тогаш над 140 лица од турските безбедносни сили и полиција биле убиени, додека според Анкара убиените курдски милитанти 1700.

Слични содржини