Обновени тужби против Мајкл Џексон: Двајца мажи продолжуваат да тврдат дека биле злоставувани

од Stefanija Kuzmanovska
349 прегледи

Апелациониот суд во Калифорнија ја обнови тужбата на Вејд Робсон и Џејмс Сејфечак против Мајкл Џексон.

Тие тврдат дека пејачот сексуално ги злоставувал со години, и тоа кога биле деца.

Тричлениот совет на Вториот окружен апелационен суд во Калифорнија утврди дека понискиот суд не требало да ги отфрли тужбите и дека се основани тврдењата на Робсон и Сејфечак дека двете корпорации во сопственост на Џексон имале одговорност да ги заштитат, пишува Sky News.

Тие детално ги опишаа нивните наводи во документарниот филм на HBO од 2019 година, Leaving Neverland.

Вејд тогаш тврдеше дека наводното злоставување траело седум години. Во тужбата тие тврдат дека вработените во компанијата на Мајкл биле свесни за сексуалното злоставување и дека се погрижиле Мајкл да биде сам со другите деца, пишува „Танјуг“.

Слични содржини