163
Ерменија соопшти дека рано утринава единици на вооружените сили на Азербејџан отвориле интензивен оган во правец на неколку ерменски градови користејќи артилерија, висококалибарско и полесно вооружување, пренесува ТАСС.
Владата на Ерменија веќе се обратила до Русија, Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДКБ) и Советот за безбедност на ОН во врска со конфликтите на границата со Азербејџан, изјави за ТАСС владин претставник од прес-службата.
Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека ерменските вооружени сили извршиле голема саботажа на границата на двете земји.