357
Стефан Ѓуриќ Раста (31) денеска во Првиот основен суд во Белград постигна договор за признавање на вина за нелегално поседување дрога, кој го склучи со Вишото јавно обвинителство во Белград. Тој беше осуден на домашен притвор, па ќе носи електронска алка една година, поради што по судењето, обожавателите дојдоа пред неговата зграда да го поддржат.
Фановите на раперот дојдоа пред зградата во Белград каде што живее, а тој излезе на терасата да ги поздрави. Една жена го праша дали му пречи уредот кој сега мора да го носи.
– Како електронската алка? Дали стега или жуља? – праша таа, на што Стефан на шега одговори.
-Електронската алка ? Еве, некако издржуваме. Стега. Еве, доаѓа полиција – рече тој.