Пејачката Тејлор Свифт моментално важи за една од најголемите ѕвезди на светот.
Редовно се бараат повеќе билети за нејзините настапи, сите останати премиери во Америка беа откажани поради нејзиниот концертен филм, а на нејзиниот концерт публиката буквално предизвика сеизмичка активност.
Тејлор моментално е на својата турнеја „Eras“, а нејзините обожаватели во Аргентина со месеци спијат во шатори пред да се одржи концертот.
Имено, таа ќе има концерт на стадионот „Ривер Плата“ во Буенос Аирес, а нејзините најверни фанови се собираат во близина на стадионот со надеж дека ќе ги заземат најдобрите места за нејзините три веќе распродадени настапи на 9, 10 и 11 ноември, пишува NY Times.
„Во овој шатор бевме пет месеци“, изјавил 21-годишен обожавател на Свифт за Pitchfork.
Има бројни шатори на тротоарите, а една девојка кажала дека поминала 300 часа, или нешто повеќе од 12 дена, спиејќи надвор во редот.