Долгоочекуваната серија за еден од главните ликови на Star Wars, Оби-Ван Кеноби, го доби својот прв трејлер давајќи им на фановите на серијата прв поглед на актерскиот потфат на Јуан Мек Грегор.
Заплетот на серијата Оби-Ван Кеноби ќе започне десет години по „Revenge Of The Sith“, филм во кој Оби-Ван беше принуден да побегне на пустинската планета Татуин за да го спаси не само својот, туку и животот на малиот Лук Скајвокер, пишува The Verge.
Иако во серијата треба да се појави и Хајден Кристенсен во улогата на Дарт Вејдер, не го гледаме него во трејлерот, туку само сит инквизиторите, кои, претпоставуваме, се во лов на Оби-Ван.
Иако Disney + ќе биде достапен само за домашните корисници ова лето, Obi-Wan Kenobi пристигнува малку порано. Заинтересираните ќе можат да ги следат авантурите на овој Џедај мајстор веќе на 25 мај на стриминг платформата на Disney.