Обрадовиќ го бара пикот на Бостон Селтикс во Партизан

од Nikola Popovski

Партизан предводен од Жељко Обрадовиќ влезе многу силно во летниот трансфер период и веќе донесе четири сериозни засилувања.

Петтото може да пристигне од Израел, бидејќи новиот тренер на црно-белите лично стапи во контакт со 20-годишниот плејмејкер Јама Мадар.

Станува збор за организатор на играта, висок 190 сантиметри, кој во претходните три сезони играше за Хапоел Тел Авив.

Тој излезе на НБА-драфтот минатата година и беше избран од Бостон Селтикс како 47-ми пик.

Како што објавија израелските новинари, Обрадовиќ му го претстави на Мадар својот план и желба да се приклучи на Партизан.

Останува да видиме дали тој ќе биде петтото засилување на поранешниот европски шампион по Кевин Пантер, Алекса Аврамовиќ, Зек Ледеј и Родионс Курукс.

Слични содржини