Обрадовиќ во НБА лигата? Лут ривал вели дека дошло време …

од Vladimir Zorba

Добро е познато какво ривалство имаа најдобриот турски тренер Ергин Атаман и најдобриот европски тренер Жељко Обрадовиќ во претходните години. Имаше провокации, игнорирање, груби зборови, но и меѓусебна почит.

Откако легендарниот Србин паузираше и реши да прескокне една сезона без кошарка, Атаман бележи голем успех со Ефес. Додека цела кошаркарска Европа со нетрпение чека која ќе биде следната работа на Обрадовиќ, Атаман испрати силна порака дека е време за славниот Србин да седна на клупата на еден НБА клуб!

Во гостувањето на една грчка телевизија, Турчинот им рече на Американците да го привлечат Обрадовиќ.

„Мислам дека Жељко сега е порелаксиран. Тој не е под стрес како нас. Човекот веќе има девет трофеи во Евролигата дома. Мислам дека тој ќе продолжи да мирува или некој од американската лига конечно ќе сфати дека европската кошарка е подобра од НБА и ќе го покани најдобриот европски тренер да работи во НБАлигата. Обрадовиќ заслужува да работи во НБА лигата и можеби ќе ги отвори вратите на НБА лигата за нас останатите во иднина. Не мислам само на играчите. Време е европските тренери да започнат да работат во НБА“, рече Атаман.

Слични содржини