Одбранбен гигант ги спореди украинските производители на беспилотни летала со „домаќинки“: „Вака се игра со лего коцки“

Германскиот одбранбен гигант „Рајнметал“ се соочува со остри критики откако неговиот извршен директор ги спореди украинските фабрики за дронови со „домаќинки“ кои произведуваат оружје во своите кујни

од Кристијан Димков
15 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Rheinmetall

Армин Папергер, извршен директор на „Рајнметал“, на прашањето дали украинската технологија за беспилотни летала може да ја наруши нивната индустрија доминирана од топништво, тенкови и воени возила, одговори: „Вака се игра со лего коцки“, и спореди големите украински производители на дронови со „домаќинки“.

„Тие имаат 3D печатачи во кујната и произведуваат делови за дронови. Ова не е иновација, ова не е технологија на „Локхед Мартин“, „Џенерал Дајнамикс“ или „Рајнметал“, изјави тој во интервју за Атлантик.

Од Украина остро реагираа на овие коментари поради потценувањето на огромната улога што украинските беспилотни летала ја одиграа во војната против Русија, пренесува Индепендент.

Советникот на Володимир Зеленски, Александар Камишин, изјави дека украинските беспилотни летала успеале да постигнат голем успех против руските тенкови.

Камишин додаде дека за време на посетите на фабриките за оружје доволно често видел „Украинки кои работа рамноправно со мажите“ додавајќи: „Тие заслужуваат почит“.

„Рајнметал“ во неделата го означи Камишин во објава и порача: „Имаме огромна почит кон големите напори на украинскиот народ во самоодбраната. Секоја жена и маж во Украина даваат неизмерлив придонес“.

Украинската премиерка Јулија Свириденко истакна дека „украинскиот народ заслужува не само најголема почит, туку и да биде слушнат и од него да се учи“.

„Да, европската одбрана ја движат украинските ‘домаќинки’“, истакна таа.

Слични содржини