обре дојдовте во воена Русија, каде што не смеете да протестирате и каде крадат дрвени тоалети за да се греат

од Vladimir Zorba

Една година откако Путин ја нападна Украина, животот за обичните Руси стана несигурен и опасен. Од откажаните празници до кавги со родителите и грижи за поранешните осуденици – платеници кои талкаат по улиците, војната во Украина ја промени Русија.

Една година по целосната инвазија на Владимир Путин, луѓето кои живеат во Русија изјавија за Телеграф како нивните животи станале подосадни, понесигурни и опасни.

„Имав планови и цели и сега единствена цел ми е да се преселам или ако не можам, да ја преселам ќерка ми. Оваа војна ми го уништи животот“, вели медицинска сестра која живее во Москва.

Годинава и беше наредено да посетува курс за прва помош на бојното поле, иако сè уште не е распоредена на првите борбени линии.

Ја плаши иднината, рече таа, но исто и идејата криминалците од групата Вагнер регрутирани од Кремљ да се упатат кон Москва откако ќе служат на првите линии.

„Дури и оние кои ја поддржуваат војната се против убијците, дилерите на дрога и силувачите кои шетаат слободно“, рече таа.

Други Руси опишаа расправии со нивните родители за тоа дали НАТО и се заканува на Русија, како што Кремљ сака луѓето да веруваат.

Несогласувањето со владините политики, кое одсекогаш било тешко под Путин, сега е забрането. Овој месец, Марија Пономаренко, новинарка, беше осудена на шест години затвор поради објавување твит во 2022 година за руските бомбашки напади на Мариупол.

И покрај репресиите, некои луѓе во Русија сè уште протестираат против војната и минатата недела, на првата годишнина од инвазијата, полицијата уапси 54 лица за антивоени протести.

Целиот текст на следниот линк!

Слични содржини