Оброк салата со пилешко и тиквички

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– 150 гр пилешко филе

– 5 листови зелена салата

– 1 свеж домат

– 6 парчиња свежи печурки

– 4 маслинки полнети со пиперка

– половина средна тиквичка

– 2 лажици маслиново масло

– 2 лажици сок од лимон

– сол

– сув билен зачин

Подготовка:

Намачкајте го пилешкото филе со маслиново масло и извалкајте го во суви билни зачини, па оставете го да отстои малку.

Во меѓувреме загрејте ја тавата и пропржете го месото.

Измијте го и исечете го зеленчукот, а исто така и печурките.

Марулата исечкајте ја на ленти, доматите на кришки, а тиквичките на прстени како и маслинките.

Кон крајот кога ќе се испржи месото се додаваат печурките и тиквичките.

Кога зеленчукот и месото се готови, ставете ги во чинија на која сте ја распоредиле зелената салата наросена со маслиново масло и сок од лимон.

Врз салатата наредете домати, месо, тиквички, печурки и маслинки.

Прелијте сè заедно со остатокот од лимоновиот сок. По желба додадете уште малку сол.

Слични содржини