363
Состојки:
– 1/2 кг пилешко филе
– 1 зелена салата
– 1 црвена пиперка
– 1 жолта пиперка
– 1 мала конзерва слатка пченка
– 0,2 дл павлака за готвење
– сол, бибер
– малку сенф
Подготовка:
Пилешкото филе измијте го, па исечете го на коцки и пропржете го.
Кога пилешкото месо е готово, извадете го од тавата, а потоа во истата тава додадете ја павлаката за готвење, солта, биберот и сенфот.
Оставете да се згусне малку и ќе биде прелив за салата.
Измијте ја зелената салата и исечете ги листовите на ленти.
Процедете ја пченката.
Во садот во кој ќе ја послужите прво ставете одредена количина салата, па пилешко, па пченка, пиперки исечкани на ситни коцки, па уште еден слој салата.
Прелијте ја салатата со преливот.