327
Состојки:
– 500 гр печурки
– 250 гр ориз
– 250 гр пилешко бело месо
– 200 гр слатка пченка
– 5-6 кисели краставички
– 300 гр мајонез
– 2 дл павлака
– оригано
– бибер
– сол
Подготовка:
Сварете го пилешкото бело месо, пропржете ги печурките и сварете го оризот и слатката пченка.
Кога пилешкото ќе се олади, исечкајте го на ситни парчиња, а печурките исечкајте ги на поголеми коцки.
Варениот ориз и слатката пченка добро исцедете ги.
Измешајте го пилешкото со печурките, изладениот ориз и слатката пченка, ситно сечканите кисели краставички, мајонезот, павлаката и додадете оригано.
Додадете сол и бибер на салатата по вкус.