Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), која со години има набљудувачка мисија во источна Украина, соопшти дека ќе мора да ја прекине мисијата, бидејќи Русија, како една од членките на ОБСЕ, стави вето на нејзиното продолжување.
„Ова не е лесна одлука… но позицијата на Руската Федерација не ни остави друг избор освен да преземеме чекори за затворање на мисијата“, рече претседавачот на ОБСЕ, полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау.
Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина е распоредена од 2014 година, кога за првпат избувна конфликт меѓу украинските сили и проруските бунтовници.