Мисијата на ОБСЕ во Црна Гора го осуди денеска насилството кое изминатата ноќ се случи во Подгорица, каде е уништен имот, вклучувајќи ја албанската амбасада, и повредени повеќе полицајци, новинари и граѓани, јави Танјуг.

protest-CG

Мисијата на ОБСЕ во соопштение нагласува дека за насилството со политички цели нема место во модерни демократски општества и додава дека очекува оти релевантните власти во целост ќе ги истражат сите инциденти кои се случиле во согласност со законот.

– Мисијата смета дека правото на јавно собирање и правото на јавни протести се легитимни во сите демократски општества. Исто така, Мисијата повторува дека таквите акции мора да бидат спроведени мирно и во целосен склад со владеење на правото на законот, се наведува во соопштението.

Слични содржини