Обуки за давање Прва помош за осмооделенците во Центар

од Vladimir Zorba
181 прегледи

По повод Светскиот ден на Првата помош, Општина Центар заедно со Црвениот крст од 15 септември започнува кампања со обуки за давање Прва помош во сите основни училишта во општината.

Преку оваа кампања осмоодделенците од сите осум основни училишта ќе ги научат основните техники за давање Прва помош доколку се најдат во ситуација каде истите би биле потребни. Обуките започнуваат од ООУ „Киро Глигоров“, а потоа продолжуваат во сите други основни училишта. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски напомена дека основните техники за давање Прва помош треба да ги знае секој од нас.

„Одлична е можноста нашите осмооделенци да ги научат основните техники за давање Прва помош. Никогаш не знаеме кога би ни потребале затоа и сметам дека секој од нас треба да ја знае почетната грижа за некое повредено лице“, смета Герасимовски.

Претходно во март месец оваа година Општина Центар во соработка со Црвениот крст, спроведе проект “Едукативни активности за прва помош во основните училишта” кој го реализираше со одделенските наставници од сите 8 основни училишта (вкупно 77 одделенски наставници). Целта на проектот беше наставниците да се здобијат со знаења и вештини за соодветно и навремено постапување во инцидентни ситуации односно давање на прва помош при евентуални повреди кај учениците.

По повод Светски ден на Прва помош Општина Центар на одделенските наставници кои учествуваа во обуките им додели Благодарници.

Слични содржини