278
ОЈО Скопје спроведе истрага против италијански државјанин за откриена дрога во неговиот багаж на скопскиот аеродром.
Станува збор за 38-годишик, кој се товари за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
„На 17 мај, на Меѓународниот аеродром ‘Скопје’, при личен преглед на осомничениот, во неговата патна торба биле пронајдени 8,01 грама марихуана, 3,33 грама хашиш и 18 милилитри хашиш-масло“, соопшти Обвинителството.
Поради опасност од бегство, доставен е предлог за определување мерка притвор.