312
Поради домашна изолација на обвинетатa Силвана Бонева, денешното рочиште за случајот „Друмарина” се одложи за 10 мај. Судијата Марин Станевски, пред одложувањето на рочиштето соопшти дека одбраната на обвинетата доставила потврда за изолација поради Ковид-19 и здравствен надзор.
За денешното рочиште беше предвидено да се сослуша сведок.
Предмет на судење во овој случај како што е наведено во обвинението се фискалните сметки од патарините, за кои поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева се сомничи за измама на околу 100.000 евра пари на Собранието.
Застапник на обвинението во овој случај е јавниот обвинител Артан Ајро.