Урош Блажиќ, обвинет за убиството на девет лица и ранувањето на 12 други на 4 мај 2023 година во селата Мало Орашје и Дубона, денеска во завршниот збор побара максимална казна, изјавувајќи: „Јас сум одговорен и само јас сум виновен… Мојата судбина е во ваши раце, ја сакам најстрогата казна“.
Блажиќ додаде дека целата ноќ на настанот му била „магла“ и дека не се сеќава на ништо. „Немам мотив. Тоа е некоја пореметеност. Некое зло. Во мене во тој момент… како да не бев таа личност“, изјави тој.
Обвинителот Иван Конатар побара максимална казна од 20 години затвор, нагласувајќи: „Не постои соодветна казна за вакво злосторство. Ова е чин на личност која не можела да направи ништо полезно и позитивно за ова општество“.
Конатар го обвини и таткото на обвинетиот, Радиша Блажиќ, за недозволено поседување оружје и експлозиви, тврдејќи дека тој индиректно создал услови за злосторството. Радиша, пак, ги негираше обвиненијата.
Урош Блажиќ, кој исто така е обвинет за киднапирање и нелегално користење туѓо возило, рече дека жали што во Србија не постои смртна казна. „Жал ми е што не живееме во постари времиња, тоа да биде смртна казна. Верувај ми, немаше А да кажам“, додаде тој.
Главниот претрес заврши денеска, а пресудата е закажана за 12 декември.