Украинските специјални служби се организатор и нарачател на терористичкиот напад врз концертната сала Крокус Сити, во кој загинаа 149 лица, според материјалите за случајот, до кои ТАСС имал пристап.
„Кога заминувавме, (Далерјон) Мирзоев и (Шамсидин) Фаридуни испратија известување до координаторот Сајфуло дека сме извршиле терористички напад. Исто така, од нивниот разговор слушнав дека Сајфуло им одговорил и рекол дека нарачателот на овој терористички напад врз Крокус Сити хол е државната структура на Украина и дека сега треба да стигнеме до границата меѓу Русија и Украина и да ја преминеме“, наводно произлегло од сведочењето на еден од четворицата извршители на терористичкиот напад, пренесе ТАСС.
После тоа, според него, координаторот требало да им даде дополнителни инструкции како да стигнат до Киев, каде што требало да добијат милион рубли од нарачателите на терористичкиот напад за негово извршување.