Обвинителката Ристовска: Пронајдена е Зоне, се надевам дека ќе ја најдеме и Астра

од Берта Китинска
301 прегледи

Поранешната специјална јавна обвинителка, Ленче Ристовска преку својот профил на Фејсбук изрази благодарност до Самет, кој меѓувреме ја пронашол едната од двете хаски.

-Благодарение на Самет, Зоне е дома! Среќни сме што имаме вакви пријатели и соседи.Се надевам дека ќе ја најдеме и Астра, напиша Ристовска.

Обвинителката утрово информираше дека од семејната куќа во тетовското село Лешок им се украдени две кучиња кои се слепи и болни, но семејството апелира да им ги вратат.

Ристовска напомена дека нема да покрене постапки против лицата кои ги украле, само сака да им ги вратат кучињата кои осум години се дел од семејството.

https://www.facebook.com/lence.ristoska/posts/10220041774728901

Слични содржини