207
Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан престојува во посета на Израел „на барање и покана на преживеаните и семејствата на жртвите од нападите на 7 октомври“, се вели во твитот на судот.
Кан, како што се наведува, ќе го посети и Рамалах, за да се сретне со високи палестински претставници.
„Посетата, иако не е од истражна природа, претставува важна можност да се изрази сочувство за сите жртви и да се вклучи во дијалогот“, велат од судот.