Обвинителството цела година прибирало докази за аферата „Актор“

од desk3
117 прегледи

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција прибира докази за случајот „Актор“, кој во март минатата година, на прес-конференција, го обелодени опозицискиот СДСМ, соопштија за „Мета“ од обвинителство, по едногодишен молк, а одговрарајќи на прашањето: Дали е сè уште во тек истрагата за аферата „Актор“?

javno-obvinitelstvo-tabla

„Надлежното Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција презема активности и прибира докази кои се неопходни за расветлување на случајот „Актор“. Со оглед на комплексноста на случајот, во надлежното обвинителство се преземаат дејства за прибирање докази, неопходни за утврдување на околностите на извршување на конкретниот кривично-правен настан“, стои во одговорот што Јавното обвинителство го испрати до „Мета“.
Екипа на „Мета“ вчера ја посети локацијата каде грчката компанија „Актор“ го гради автопатот Демир Капија – Смоквица. Градежните работи се одвиваа со полна пареа, а за аферата што ја тресе фирмата, работниците кои ги затекнавме, рекоа дека ништо не знаат и дека воопшто не чуле за такво нешто.

Опозицискиот СДСМ лани во март, на прес-конференција, презентираше документи и излезе со тврдења дека грчки државјани преку претставништвото на грчката фирма „Актор“ во земјава, подигале милиони евра во кеш од филијала на Стопанска банка во Неготино.

Повеќе ТУКА