Обвинителството ќе отвори предмет ако ДКСК во разумен рок не ги испита наводите за новиот директор на АНБ, Бојан Христовски

од Milan1
58 прегледи

Скопското основно јавно обвинителство (ОЈО), дејствувајќи по допрен глас, ќе ги испита индициите околу уверението за положен ТОЕФЛ испит за познавање англиски јазик на новоизбраниот директор на Агенцијата за национална безбедност  Бојан Христовски.

Моментално Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) постапува по предметот за новоименуваниот директор на Агенцијата за национална безбедност, доколку во разумен рок не ги испитаат наводите, Обвинителството секако ќе оформи предмет и ќе ги провери, информираат од ОЈО Скопје.

ДКСК минатата недела отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ, откако до Антикорупциска пристигнала анонимна претставка во која пишувало дека тој наводно не ги исполнува условите за да биде директор.

Од СДСМ  го повикаа Јавното обвинителство да отвори постапка соодветно на своите надлежности и да се утврди и одговорност за прекршувањето на законот.

-Христовски нема меѓународно признаен сертификат за познавање англиски јазик, туку се користел со фалсификуван документ што претставува прекршување на Законот и кривично дело кое повлекува одговорност. Го повикуваме Јавното обвинителство да отвори постапка соодветно на своите надлежности. Повикуваме на транспарентна исграта која точно и непристрасно ќе утврди кој го овозможил ова и кој е одговорен за скандалот, се вели во соопштението од СДСМ.

Слични содржини