Обвинителството отвори истрага за сообраќајката со Кичеец

од Берта Китинска
347 прегледи

Обвинител од Гостивар бил на увид и ќе ја води истрагата за сообраќајката  кај Стража каде имаше жртва и повредени, а во неа учествуваше и осуденикот за случајот „Рекет“, Зоран Милески Кичеец, соопштија од полицијата.

-На 04.09.2021 околу 15,30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на новоселски гробишта во с.Ново Село се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од З.М.(41) од Охрид, патничко моторно возило “бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Н.(23) од с.Радиовце-тетовско, и товарно моторно возило “фургон сангјонг“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.Љ.(32) од с.Д.Бањица-гостиварско. На местото на незгодата починал сопатникот од товарното возило С.Е.(34) од Гостивар. Со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници од возилото “мерцедес“ П.Ж.(51) и М.М.(42) двајцата од Р.Србија, сопатникот од товарното моторно возило М.К.(31) од Гостивар и возачот Б.Љ., а со телесни повреди повреди се здобиле возачите З.М. и Е.Н. како и сопатникот од возилото “бмв“ Р.Р.(23) од с.Г.Палчиште-тетовско констатирани во Ургентниот Центар во Гостивар. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар во присуство на Јавен обвинител, соопштија од МВР.

Кичеец е осуден  на 3 години затвор во случајот “Рекет”.Директорот на затворот во Струга, Ваљон Ќуља, за МИА изјави дека осудениот Зоран Милески Кичеец, на негово барање, бил на прекин на казната од 11 август до 11 септември поради болест на неговата мајка.

 

Слични содржини