336
Вишото јавно обвинителство во Белград му предложило на Вишиот суд на малолетникот (16) кој е осомничен за тешкото убиство на Ѓорѓе Мијатовиќ, братот на потпретседателот на Владата на Босна и Херцеговина, да му се одреди притвор.
Како што пренесоа српските медиуми, притворот бил предложен поради ризик од влијание врз сведоци, ризик да не се повтори кривичното дело во краток временски период и вознемиреност на јавноста.
Двајца малолетници се осомничени дека неколку пати во главата го удриле Мијатовиќ кој почина неколку часа подоцна.
Интензивно се трага по второосомничениот.
Малолетник осомничен за убиството на Ѓорѓе Мијатовиќ изведен пред судија