Обвинителството поднело жалба за куќниот притвор на мотоциклистот-убиец

од desk2
11 прегледи

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднело жалба поради одлуката на Кривичниот суд да одреди куќен наместо затворски притвор за 25-годишниот скопјанец што во вторникот вечерта на пешачка патека до кејот на Вардар близу Парк на Франкофонија удри во 68-годишен скопјанец којшто потоа почина.

ОЈО Скопје вчера соопшти дека до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен притвор за 25-годишникот. Сепак, судијата одредил само куќен притвор.

Според информациите што протекоа во јавноста, од ОЈО Скопје потврдуваат дека 25-годишниот скопјанец два пати претходно бил осудуван – еднаш за насилство како малолетник и еднаш за непочитување на наредбите за однесување во Ковид-кризата.
Осомничениот на 1 јули управувал мотоцикл „Кавасаки“ без истакната регистарска табличка на задниот дел, по пешачката патека покрај зграда на улицата „Јован Хаџи Константинов – Џинот“. Возел преку површина наменета за движење на пешаци, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. Иако бил свесен дека поради тоа може да настапи штетна последица, осомничениот се согласил со нејзино настапување и кога дошол во близина на зградата, брзината на движење на моторот не ја приспособил. Освен тоа, управувал без да поседува возачка дозвола и на недозволено место, па со левиот страничен дел од мотоциклот удрил во телото на пешакот Југослав Николовски, кој се движел по пешачката патека. При ударот, оштетениот останал да лежи повреден на патеката, а возачот и неговиот сопатник паднале на коловозот.

Пешакот се здобил со тешки телесни повреди поради кои следното утро починал, а полесно повреден бил и сопатникот на моторот. Наместо да укаже помош, осомничениот го оставил мотоциклот и другите двајца повредени и пеш го напуштил местото.

Слични содржини