34
Основното јавно обвинителство Скопје отвора предистражна постапка за ТОЕФЛ сертификатот за познавање на англискиот јазик издаден од училиштето „Јулија Ко.“ од Пловдив, Бугарија, а кој го употреби Бојан Христовски за да ги исполни условите и потоа да биде именуван за директор на Агенцијата за национална безбедност.
Кусиот одговор од Јавното обвинителство на прашањето на „360 степени“, гласи дека „до Основното јавно обвинителство Скопје е доставена анонимна кривична пријава, по која ќе се постапува“.