Откако се појавија низа обвинувања против британскиот премиер Борис Џонсон во британските медиуми, британскиот министер за одбрана Бен Валас изјави денес дека не се точни информациите објавени во печатот дека премиерот Џонсон изјавил дека попрво „би се согласи на илјадници мртви“ отколку да се воведе трет локдаун.
Лондонскиот таблоид „Дејли меил“ објави дека Џонсон, за време на состанокот во неговата канцеларија во Даунинг стрит одржан во октомври минатата година, наводно рекол дека „нема веќе проклет локдаун, нека се собираат илјадници тела“, објави „Ројтерс“.
Британските медиуми упатуваат обвинувања против премиерот Џонсон, од несмасно управување со епидемијата до тоа како тој го финансирал реновирањето на неговата резиденција на Даунинг стрит.