Warner Bros го објави трејлерот за филмот „Barbie“ кој за кратко време предизвика големо внимание.
На почетокот на трејлерот, британската актерка Хелен Мирен зборува за праисторијата на куклите во човештвото и важноста на Барби како возрасна жена, а не како кукла.
Засега, малку е познато за заплетот на филмот, во кој играат Маргот Роби како Барби и Рајан Гослинг како нејзиното момче Кен. Во филмот се појавува и актерот Симу Лиу.
Првиот трејлер предизвика големо внимание – за само два часа по објавувањето, го погледнаа речиси половина милион луѓе.
Филмот „Барби“ ќе ја има светската премиера на 21 јули 2023 година.