Очекувањата на автомобилската индустрија потонаа поради скапите извори на енергија

од Vladimir Zorba
187 прегледи

Скапите енергетски производи се повеќе ги оптоваруваат компаниите во Германија. Индустриската и трговската комора (ДИХК) соопшти дека состојбата е драматична, а особено е загрижена автомобилската индустрија.

Во автомобилската индустрија, која е моторот на германската економија, 16 отсто од производителите веќе го намалиле производството, додека 17 отсто сакаат да го преместат, покажа истражувањето на ДИХК.

Станува збор за посебна анализа на податоците од анкетата на ДИХК, која прв ја објави весникот „Ханделсблат“, а во среда ќе бидат претставени целокупните резултати од економското истражување.

Според ДИХК, автомобилската индустрија е сигнал за развој на економијата во целина.

Во писмото на првиот човек на ДИХК, Мартин Ванслебен до челниците на индустриските и стопанските комори, се вели – „нам ни се запалија црвените светла бидејќи можеме да видиме колку брзо состојбата со финансирањето во компаниите се влошува“.

Осврнувајќи се на германската влада, тој наведува дека „ситуацијата во нашата економија е драматична и дека доследно управување со кризи и побрза акција сега се апсолутно неопходни“.

По одделна евалуација, деловните очекувања во автомобилската индустрија целосно паднаа, пренесе dpa.

Само 10 проценти гледаат подобар бизнис во следните 12 месеци, додека половина имаат негативни деловни очекувања.

95 отсто од компаниите ги навеле скапите суровини и енергијата како најголем деловен ризик.

Двајца од пет производители на моторни возила зборуваат за проблематична финансиска состојба, а речиси половина од добавувачите.

Слични содржини