Очекувам до крајот на изборите, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата да имаат 59 градоначалници, изјави Мицкоски од Лозово

Мицкоски потенцираше дека партијата веќе обезбедила победа во 33 општини, а во уште 26 е во водство или блиску до победа.

од Бисера Трајковска
9 прегледи Фото: Фејсбук/ВМРО-ДПМНЕ

Резултатите од првиот круг на локалните избори јасно покажуваат дека граѓаните го избрале ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата како своја опција. Очекувам дека на крајот од овие избори, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе имаат 59 градоначалници, порача денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој на настанот во општина Лозово во рамки на изборната кампања, ги граѓаните за поддршка во вториот круг од локалните избори и изрази поддршка за кандидатот и актуелен градоначалник на Лозово, Бошко Цветковски, за кого рече дека е „трудољубив млад човек, прекрасна личност и голем Македонец“.

Како што напомена, Цветковски ја има неговата лична и недвосмислена поддршка, како и поддршката од Владата. Убеден е, како што рече, дека Бошко не само што е добар и успешен градоначалник, туку ќе биде добар и уште поуспешен градоначалник во следните четири години.

Мицкоски потенцираше дека партијата веќе обезбедила победа во 33 општини, а во уште 26 е во водство или блиску до победа.

Мицкоски ги повика граѓаните на масовна излезност во вториот круг, нагласувајќи дека изборот е јасен, поддршка за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ или, како што рече, враќање на коалицијата која „седум години ја ограбуваше и понижуваше Македонија“.

Во рамки на активностите за вториот круг од локалните избори Мицкоски денеска ќе присуствува на маалски митинзи и во Росоман, Демир Капија и Неготино.

Слични содржини