Очигледни знаци дека тој крие нешто од вас

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Понекогаш жените се пољубоморни отколку што имаат реално основа. Тоа е нормално, особено кога сме сè уште силно вљубени во своите партнери. Сакаме целото нивно внимание да е свртено кон нас, да прават сè за и заради нас, да нè гледаат со поклонување.e6c29c1676cc14cbc0f35e162cffc82d

Кога тоа нема да се случи стануваме сомнителни. Сомнителни сме и кога ќе го уловиме погледот на дечкото кој шара низ други привлечни женски објекти.
Но, има и вистински угнетувачки знаци дека вашиот партнер крие нешто од вас. Што е точно, вие сами ќе процените. Но, пред тоа видете како да дознаете дека нешто не е во ред!

Тој се дистанцира
Во последно време пријателот изгледа како да се дистанцира од вас. Таинствен е, бара од вас да го оставите на мира за некое време. Се затвора во другата соба и не знаете што точно прави. Очигледно е дека крие нешто.

За ништо на светот не ви дава да го видите неговиот телефон
Оди со него насекаде, дури и во тоалетот и бањата. Не го остава без надзор. Дури сте забележале дека веќе ставил и лозинка за отклучување – нешто што досега не било направено.
Нема како да не се запрашате што е она што толку ревносно го крие.
52d6e28f9bd5b861ff007edb61a5c1b2
Почнувате да слушате разни гласини
Ненадејно почнувате да наслушнувате од пријатели и познаници, дека го виделе на необични за него места. Се однесувал чудно или пак тајно. Забележан е со други луѓе, дури и со жени кои не ги познавате.

Сте го фатиле во лаги
Ако тоа не се случува за прв пат, веројатно вашиот човек едноставно си е таков. Од друга страна, сепак ако постојаните лаги не му се својствени, нешто се сменило и треба да дознаете што.

Приказните не му се врзуваат
Не само што го фаќате во лаги, но и приказните почнуваат да не се врзуваат. Смислени се толку набрзина, што во еден момент го губат своето значење. Кога ќе го прашате онака за нешто конкретно од неговите приказни, тој почнува да станува загрижен, раздразлив и нервозен. Отстапува од темата и почнува да ве обвинува дека сте луди.

Многу е таинствени за местата на кои оди
Тоа нема како да не ве натера да се запрашате каде оди, откако не кажува ништо. Таинствени е и ја менува темата, прво вели едно, после друго. Себе си покажува дека не сака да сте целосно свесни каде оди, веројатно за да не го следите и да го фатите во злосторството.