Овој викенд, на 3-ти Јуни 2023 година со почеток во 10:30 ч. во с. Леуново, Маврово по трети пат во државата во организација на здружението за спортски игри со препреки – Отаку – Скопје, ќе се одржи настан кој помеѓу спортистите и рекреативците е веќе добро познат под името “OCR Macedonia”.
“Obstacle Course Race” или трка по патека со пешадиски препреки, e се повеќе популарен спорт низ светот. Kај нас единствено оваа привилегија ја овозможува здружението Откау, од кое ни напоменуваат дека на трката владее вистински адреналин, забава и дека самата трка е место кадешто натпреварувачите ги надминуваат не само своите физички туки и психички граници.
Трката се одвива во планински предел над селото Леуново со должина на маршрута од 12 километри по која ќе бидат поставени разни пешадиски препреки, како што се ѕидови кои ќе треба да се прескокнат, ползење под бодликава жица, фрлање со копје, носење тежок товар, одење по баланс-јаже, качување на јаже и уште многу други. Оние кои нема да успеат да ги совладаат препреките однапред се согласни како казна да направат 20 склекови, со што трката добива една милитантна димензија која е карактеристична за ваков тип на трки.
Трката има три конкуренции за најдобрите кои ќе добијат вредни награди и тоа во категорија мажи, жени и тимско натпреварување.
На оваа трка е исполнет максималниот број на пријавени натпреварувачи (330) што претставува исклучителна бројка на заинтересирани кои сакаат да ги покажат до максимум своите капацитети.
Од здружението Отаку – Скопје посочуваат дека ваква комплексна организација не би била можна без поддржувачите на овој настан: Моцарт бет, Ладна, Cryo MK, Металбо, Димас, Центар за климатски промени, О3 Инвест, Винчини, Скара Лесковац, Технокомерц, Бата прес, Општина Маврово и Ростуше, Национален парк – Маврово.