Oculus Go ќе поддржува над 1.000 VR апликации

од Vladimir Zorba
311 прегледи

Во Reddit истече нова слика која го покажува пакувањето на Oculus Go – самостоен шлем за виртуелна реалност (VR), кој Facebook и Oculus го подготвуваат.

Од описот на кутијата изгледа дека уредот ќе чини 200 долари, а меѓу поддржуваните апликации се наведени такви како Netflix, Hulu, Ultrawings, Facebook, The New York Times и др.

Oculus Go содржи сето она што ви е потребно за самостојно VR искуство и ќе ги поддржува и оние апликации, пуштени до моментот за Gear VR. Оваа компатибилност ќе им даде на Oculus Go каталог од над 1.000 апликации и филмови.

Oculus веќе продава филмови кои можат да се гледаат во виртуелната средина, но гледањето на видео на Gear VR со пријатели отсекогаш бил проблем, бидејќи луѓето имаат различни модели на телефони.

Од кутијата изгледа дека уредот ќе има 32 GB внатрешна меморија, што не наведува на мислата дека Oculus ќе пушти различни верзии на Oculus Go со различен капацитет за складирање.

Слични содржини