Во интернет просторот се појави информација за патент за ракавици, за работа во виртуелна средина, какви што самиот Марк Зукерберг покажа минатата година.
Патентот бил регистриран од Oculus во 2016 година и опишува ракавица со функција која симулира чувство на допир во виртуелната реалност. Низа механизми можат да му обезбедат на корисникот, кој ги носи ракавиците, чувство на отпор при допирање на предмети, притискање на копчиња и така натаму, со цел да се направи овој тип на дејство да изгледа пореално.
Веројатно, во првичната верзија, технологијата ќе го поддржи само палецот и показалецот, но овие се двата прста што најмногу ги користиме во секојдневниот живот.
Без оглед на тоа како изгледа ветувачката нова технологија, немаме идеја кога ќе го видиме реалниот производ.
Во меѓувреме, контролорите за допир Oculus остануваат најдобар начин за интеракција при носење на ВР шлемот на компанијата со исто име.